Clinical Journal of Mycology - MRL
БИОАКТИВНИ СВОЈСТВА НА ПЕЧУРКАТА КОРИОЛУС ВЕРСИКОЛОР
Зголемената грижа на потрошувачите за здравјето и проблемите врзни со истото, доведува до зголемен интерес за функционалната храна. Покрај нутритивните својства, печурките го привлекуваат вниманието на пазарот како потенцијален извор на биоактивни соединенија, способни да извршат неколку позитивни функции врз здравјето на потрошувачите. Coriolus versicolor (CV), исто така познат во литературата како Tramеtes versicolor или Polyporus versicolor, припаѓа на родот Coriolus, фамилијата Polyporaceae, редот Polyporales и поделбата Basidiomycotina (Чен, Ј., Џин, X., Жанг, Л. и Јанг, Л.).
Оваа печурка изникнува од лигноцелулозен отпад, има брановидна форма, како вентилатор, на краевите и постои во природата во неколку различни бои. Полисахаридите од C. versicolor се физиолошки активни: полисахарид пептид (PSP) и полисахарид Крестин (PSK) биле изолирани и користени во текот на последните години како додаток за поддршка во третманите на канцер, поради имуностимулативните својства на овие супстанции (Sakamoto et al., 2006; Jiménez-Medina et al., 2008).
Исто така, се чини дека овие полисахариди може да дејствуваат и како пребиотици преку стимулирање на растот и/или активноста на пробиотските бактерии во дебелото црево (Yu, Liu, Muckherjee & Newburg, 2013). Бидејќи повеќето студии се фокусирале на PSP и PSK од C. versicolor , целта на ова испитување е проценка на биоактивните својства на самата биомаса од оваа печурка, имено активноста на пребиотиците.
За да се оцени оваа активност, бил применет примерок од MRL-CV (хранлив адјувант* во кој се содржи биомаса од C. versicolor) од устата до цревата, за состојбите на гастроинтестиналниот тракт (ГИТ).
Табела 1. Резиме за бактерискиот раст на тестираниот вид
Видови |
Раст со 1 % од примерокот* |
Раст со 1 % од примерокот во дигестивниот тракт* |
Раст со 1% од ФОС* |
Lactobacillus acidophilus L10 |
- |
- |
- |
Lactobacillus casei L26 |
++ |
+ |
+ |
Bifidobacterium longum BG6 |
- |
+ |
- |
Bifidobacterium animalis B0 |
++ |
++ |
- |
*Бактериски раст по 48 часа од инкубацијата на 37ºC. Растот се мереше преку бројката на одржливи микроорганизми ( CFUmL ). ++, исто ниво на раст во споредба со гликозата; +, послаб раст во споредба со гликозата; - нема раст.
Експерименталните податоци покажаа потенцијален, пребиотички ефект зависен од сојот и со поголема активност на B. animalis B0. Ферментацијата на биомасата на C. versicolor со L. paracasei L26 ги зголеми концентрациите на органските киселини, поточно ацетната киселина.
Пребиотските агенси можат да имаат индиректен инхибиторен ефект врз патогените бактерии, преку нивна селективна ферментација од пробиотските бактерии во дебелото црево. Сепак, антиадхезивните (прилепувачки) компоненти се уште една потенцијална стратегија за спречување на непожелните бактерии (Rhoades, Gibson, Formentin , Beer, & Rastall , 2006).
Адхезијата (прилепувањето) на патогените може да се спречи преку два процеси: 1) рецепторски аналози – кои најчесто се јаглехидрати, кои можат да ги имитираат местата на епителните рецептори и да се врзат за бактериските адхезински рецептори, спречувајќи бактериите да се залепат за клетките-домаќини и 2) аналози на адхезин, кои се врзуваат за рецепторите на површината од клетката-домаќин и, на таков начин, ги блокираат патогените (Gibson & Roberfroid , 2008). Печурките може да претставуваат нов извор на биоактивни молекули и со оваа способност да инхибираат патогена инфекција. Адхезијата на непожелните бактерии за ткивото на домаќинот е првиот чекор во патогенезата. Ефектот на биомасата на C. versicolor врз Salmonella enterica (ATCC 13076), Staphylococcus aureus (ATCC 6538) и Escherichia coli (ATCC CRM 8739), во процесот на адхезија на муцинот беше оценет во in vitro постапка, со користење на муцин (Type II Sigma-Aldrich) како модел на цревниот мукус. Резултатите покажаа потенцијален инхибиторен ефект на супстратот, особено во случајот со Salmonella enterica. Сепак, потребни се дополнителни студии со мешани бактериски култури, како и примероци од измет, се’ со цел да се процени биоактивноста во една средина која има сложенa цревнa микробиотa.
Забелешка од уредниците :
Пребиотиците се супстанции кои поттикнуваат раст или активност на микроорганизми (како бактерии и габи), кои придонесуваат за благосостојбата на нивниот домаќин. Во исхраната пребиотиците се обично целулоза (растителни, неразградливи влакна) и минерални соединенија, кои минуваат несварени низ горниот дел на гастроинтестиналниот тракт и го стимулираат растот или активноста на поволните бактерии што го колонизираат дебелото црево кое за нив претставува супстрат.
Пробиотиците се подготовки на или производ што содржи одржлива моно- или мешана микробна култура во доволен број, а кои применети на животно или на човек поволно влијаат врз исхраната и здравјето на домаќинот преку подобрување на својствата на неговата автохтона микрофлора. Терминот Synbiotic се користи кога производот содржи и пробиотици и пребиотици. Овој термин треба да биде резервиран за производи во кои пребиотичното соединение селективно го фаворизира пробиотското соединение.
АВТОРИ:
Аритсон Круз, Католички Универзитет, Португалија, CBQF – Центар за Биотехнологија и Лесна Хемија – Лабораторија на Соработка, Висока Школа за Биотехнологија , Порто, Португалија - arycrz19@hotmail.com
Проф. Тито Фернандес , Факултет за ветеринарна медицина ACIVET, Универзитет во Лисабон, Португалија. - procattitofernandes@gmail.com
Лигија Пиментел, Католички Универзитет, Португалија, CBQF – Центар за Биотехнологија и Лесна Хемија – Лабораторија на Соработка, Висока Школа за Биотехнологија , Порто, Португалија - lpimentel@porto.ucp.pt
Проф. Мануела Пинтадо , Католички Универзитет, Португалија, CBQF – Центар за Биотехнологија и Лесна Хемија – Лабораторија на Соработка, Висока Школа за Биотехнологија , Порто, Португалија - mpintado@porto.ucp.pt
Не постојат производи/услуги во оваа категорија.
Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.
МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо