Чага-МРЛ не е екстракт, туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Inonotus obliquus што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се суши на ниска температура, се меле и се произведува во форма на таблети и прашок.
Таблети: 90 во кутија, секоја содржи по 500мг Чага (Инонотус обликуус).
Прашок: 250 гр. во кутија, со дозерка од 2 мг.
Особено е важно што Чага-МРЛ содржи и плод и мицелиум бидејќи двата дела од габата содржат многу хранливи состојки што пак придонесува за поцелосен потенцијален ефект.
Состојки: Inonotus obliquus (биомаса од печурката), микрокристалинска целулоза, силикон диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).
Активна материја: 500мг во една таблета
Чага-МРЛ не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен.
Погоден e и за вегетаријанци.
Чага-МРЛ е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.
Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, или 3 пати по 2 таблети, пред оброк. Дар од Бога
Чага расте на бреза, многу е тврда и не се јаде. Затоа ја палеле да го вдишат чадот од неа, или така запалена ја ставале во вода, ја мешале додека не се скрши, а потоа ја користеле водата како сапун, за гениталиите, но и за новородените бебиња. Други, ја толчеле како прав и ја нанесувале на кожата за повреди и исипи. Чагата беше целосно непозната за останатиот дел од светот се додека не е спомената во книга на авторот Александар Солженици, Одделение за рак. Инаку, карактеристична е за Сибир, а домицилното население ја користи уште од 16. век. Чага е забележана и во кинеската медицина пред 4.000 години.
Чага содржи важен ензим за нашиот организам, супероксид дисмутаза (СОД). Овој ензим е одговорен да ги намалува слободните радикали, кои пак наштетуваат на организмот. Количината на СОД во Чага изнесува 35.000 единици, што и дава на Чагата поголема антиоксидантска моќ отколку мега дози на витаминитe А, Ц и Е, бета каротин, коензим К10, пикногенол (екстракт од семе на грозје или гејпфрут), спирулина, биофлавоноиди и есенцијални уља. Чага содржи 25 пати повеќе антиоксиданси отколку другите печурки.
Други состојки на Чага се: полисахариди бетаглукани, бетулинска киселина, меланин, фитостероли (инотодиол, ланостерол), аминокиселини, калциум, хлор, бакар, хранливи влакна, германиум, железо, манган, магнезиум, пантотенска киселина, феноли, фосфор, фитонутриенси, калиум, сапонини, селен, натриум, стероли, траметенолска киселина, трипептиди, тритерпени, тритерпеноиди, ванилинска киселина, Б1, Б2, Б3, Д2, витамин К и цинк. Поради ова богатство на состојки, народно се нарекува Крал на тревките или Дар од Бога.
НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.
ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.
Чага не спречува, дијагностицира, третира или лечи болести.
Производителот Mycology Research Laboratories (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.
Датум на важност: обележан на дното на амбалажата
Чувајте го на ладно и суво место
Доколку ви се потребни повеќе информации, на нашата страна прочитајте во делот КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА и контактирајте не за повеќе информации.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.
МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо