Кориолус-МРЛ не е екстракт, туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Coriolus versicolor што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се суши на ниска температура, се меле и се произведува во форма таблети и прашок.
Таблети: 90 во кутија, секоја содржи по 500мг Кориолус версиколор.
Прашок: 250 гр. во кутија, со дозерка од 2 мг.
Особено е важно што Кориoлус-МРЛ содржи и плод и мицелиум бидејќи двата дела од габата содржат многу хранливи состојки што пак придонесува за поцелосен потенцијален ефект.
Состојки: Coriolus versicolor (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силикон диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).
Активна материја: 500мг во една таблета
Кориoлус-МРЛ не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен.
Погоден e и за вегетаријанци.
Кориoлус-МРЛ е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.
Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, или 3 пати по 2 таблети, пред оброк.
Современата наука го откри Кориолусот околу 1965 година. Инжењер по хемија, кој работел за хемиската индустрија Куреха, го набљудувал својот сосед кој се обидувал сам да се излечи пиејќи чај од Кориолус. Инжењерот бил заинтригиран и го убедил својот работодавач детаљно да ја истражува печурката. Лабораториите Куреха успеаа да ги изолираат активните состојки од мицелиумот и го идентификуваа најпотентниот вид мицелиум (CM-101), подоцна лиценциран од Sankyo Pharmaceuticals.
Главните состојки на Кориолус се полисахаридите крестин (ПСК) и пептид (ПСП). Крестинот стимулира реакција на организмот и се зајакнуваат клетките НК (Natural Killer cells). ПСК покажа дека го активира создавањето на интерферон. Денес, во Јапонија, Крестин се препишува заедно со хемотерапевтски лекови како неспецифичен имуномодулатор за пациенти заболени од рак. ПСП се класифицира како модификатор на биолошка реакција. Кориолус содржи и супероксидна дисмутаза, како и други ензими.
НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.
Aко сте бремени, доите или ако земате лекарства, консултирајте се со лекар.
ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.
Кориолус не спречува, дијагностицира, третира или лечи болести.
Производителот Mycology Research Laboratories (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.
Датум на важност: обележан на дното на амбалажата
Чувајте го на ладно и суво место
Доколку ви се потребни повеќе информации, на нашата страна прочитајте во делот КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА и контактирајте не за повеќе информации.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.
МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо