Coriolus versicolor е ефективен додаток за третман на ХПВ-инфекција

Coriolus versicolor е ефективен додаток за третман на ХПВ-инфекција

Шест месеци третман со Кориолус-МРЛ, додаток на исхрана што содржи биомаса од фунгусот Coriolus versicolor, се поврзува со намалување на вирусното присуство кај ниско-сквамозните интраепителијални лезии (LSIL) кај пациенти со хуман папилома вирус (ХПВ) (1). Наодите – презентирани на 3. Конгрес на гинеколози и акушери во Македонија од Проф. Чернев од Универзитетската болница за акушерство и гинекологија во Софија, Бугарија –  ја потврдуваат позицијата на Кориолус-МРЛ како важен додаток на расположивите начини за третман на ХПВ-инфекцијата.

Табела I. Резултати од третман на ниско-сквамозни интраепителијални лезии (LSIL)*

 

 

Со Coriolus versicolor

Без Coriolus versicolor

 

Пациенти (број)

Нормален по 1 година

Позитивен по 1 година

Нормален по 1 година

Позитивен по 1 година

Цитологија

39

13 (72,5%)

5 (27,5%)

10 (47,5%)

11 (52,5%)

ХПВ

22

9 (90%)

1 (10%)

1 (8,5%)

11 (91,5%)

*Презентирано на 20, Европски Конгрес на акушери и гинеколози, 4-8 март, 2008, Лисабон, Португалија

Последните податоци ги поткрепуваат наодите објавени во 2008 година (Табела 1) од Dr. Silva Couto и Dr. Daniel Pereira da Silva од Институтот за онкологија, Коимбра, Португалија, кои демонстрираа доказ на концепт дека имунонутритивните суплементи може успешно да се користат да се подобри статусот на пациентите со LSIL ХПВ (2). Докторите Couto и Pereira da Silva покажаа дека суплементацијата со биомаса од Coriolus versicolor (3гр. дневно) за период од една година значително ја зголемија регресијата на LSIL (72,5% наспроти контролната група со 47,5%) и индуцираа чистење на високо-ризични подтипови на вирусот ХПВ, одговорни за цервикален канцер (90% наспроти контролната од 8,5%).

Последниот труд спроведен од Проф. Чернев и неговите соработници од Универзитетската болница за акушерство и гинекологија во Софија, Бугарија забележа значително намалување – од една година на 6 месеци – на периодот на суплементација неопходен да се постигне регресија и чистење. Ова е важен напредок што ќе им помогне на пациентите и за намалување на веќе минималниот целосен трошок за терапија со Кориолус-МРЛ.

Во две одвоени студии, Проф. Чернев откри дека суплементацијата со Кориолус-МРЛ кај пациенти со ХПВ индуцира чистење на ниско- и високо-ризичните ХПВ типови за период од 6 месеци.

Студија 1

·           Во Студија 1 (2009–2010), 100 жени со ХПВ инфекција од ниско- и високо-ризични типови, беа третирани 6 месеци со еден од следниве третмани:

o   Кориолус-МРЛ 2х3 таблети (500mg) (конзервативен третман, 73 пациенти)   

o   Кориолус-МРЛ 2х3 таблети (500mg) + хируршка интервенција (комбиниран третман, 27 пациенти).

·           На првите прегледи, жени на возраст од 16-50 години беа испитувани дали имаат ХПВ-инфекција и направена е ХПВ-типизација. Нивото на цервикална дисплазија кај пациентите се одредуваше со цервикална цитологија (Пап тестови).  

·           Шест месеци по првите прегледи, се повтори цервикалната цитологија и ХПВ-типизацијата кај сите пациенти.

Резултати – Студија 1

Табела 2. Резултати од 6-месечна студија: број на пациенти и резултати од Пап-тестови**

Прв месец

Шести месец

PAP I

PAP II

PAP III a

 47

PAP I & PAP II

                                47

-

29

PAP III a

9

20

-

 9

PAP III b

3

6

-

 15

PAP III c

6

6

3

100

-

-

-

-

 

Табела 3. Резултати од 6-месечна студија: високо-ризични наспроти ниско-ризични ХПВ**

 

Прв месец

Шести месец

Негативен

Позитивен

Ниско-ризични ХПВ

4

4

-

Високо-ризични ХПВ

96

85

11

 

100

89

11

**Презентирано на 3. Конгрес на гинеколози и акушери на Македонија (со меѓународно учество), 16-19 мај, 2013, Охрид, Македонија

1.     Во конзервативниот третман, кај 64 од 73 пациенти (88% од вкупниот број) имаше реверзија во негативен статус на ХПВ.

2.     Во комбинираниот третман, кај 25 од 27 пациенти (93% од вкупниот број) имаше реверзија во негативен статус на ХПВ.

3.     Кај сите пациенти од групата Pap III a и Pap III b имаше реверзија во групата Pap I/II (Таб. 2).

4.     На крајот на студијата, само 11 пациенти беа сеуште позитивни за еден или повеќе видови на ХПВ (Таб. 2).

5.     ХПВ 16 беше најрезистентен на третманот (3).

Студија 2

·           Во Студија 2 (2010-2012), 200 жени со ХПВ инфекција беа третирани со Кориолус-МРЛ 2х3 таблети (500mg) во период од 6 месеци.

·           На првите прегледи, жени на возраст од 16-45 години беа испитувани дали имаат ХПВ-инфекција и се направи ХПВ-типизација. Нивото на цервикална дисплазија кај пациентите се одредуваше со цервикална цитологија (Пап тестови)

·           ХПВ-типизацијата се повтори кај сите пациенти на три и шест месеци.

·           Во текот на студијата, се направи и евалуација на можни негативни реакции и интеракција со лекови со главните лекови користени за третманот. Се направи евалуација и за можни негативни реакции во тек на бременост.  

·           Кориолус-МРЛ се применуваше и кај партнерите на жените кај 70% од двојките.

Резултати – Студија 2

1.     95% од пациентите имаа негативен ХПВ за 6 месеци.

2.     ХПВ позитивни пациенти без хистолошки промени добија ХПВ негативен статус за 3 месеци.

3.     Кај пациентите со блага дисплазија (CIN I), суплементацијата со Кориолус-МРЛ помогна да се исчисти инфекцијата.

4.      Кај случаите со јака дисплазија (CIN II and CIN III), суплементацијата со Кориолус-МРЛ го зајакна имунитетот и го намали ризикот на релапс.

5.     90% од двојките кои земаа Кориолус-МРЛ (70% од вкупниот број) имаа негативен ХПВ по 6 месеци.

6.     ХПВ 16 беше најрезистентен на третманот (3).

Заклучоци

Проф. Чернев заклучи дека Кориолус-МРЛ е дополнително средство во третманот на ХПВ-инфекцијата и дека:

·      Кориолус-МРЛ нема негативни реакции и интеракција со лекови со главните лекови што се користат при третман на ХПВ.

·      Кориолус-МРЛ може да се користи за време на бременост.

Што значат овие резултати за пациентите со ХПВ?

Постојат 13 подвидови на ХПВ што се сметаат како „високо-ризични” за цервикален канцер, вклучувајќи го и ХПВ 16, 18, 31 и 45. ХПВ 16 и ХПВ 18 се сметаат причинители за 70% од сите случаи на цервикален канцер. Истребувањето или контролата на вирусната ХПВ инфекција е клучна компонента за третман на цервикален канцер. Резултатите од овие студии нудат понатамошно охрабрување и сознанија за ефективноста на Кориолус-МРЛ како суплементарен третман на ХПВ-инфекција.

Познато е, од помала студија на Dr. Couto et al. со 39 пациенти (1), дека суплементацијата со Кориолус-МРЛ во период од една година резултираше со значителен број на LSIL пациенти кои имаа реверзија со нормална цитологија.

Сега, овие последни податоци од Проф. Чернев ги потврдуваат позитивните ефекти на Кориолус-МРЛ кај LSIL пациенти со ХПВ инфекција и силно сугерираат дека третманот со Кориолус-МРЛ им нуди на лекарите корисен терапевтски суплемент при третирање на жени со позитивен ХПВ. Проф. Чернев заклучува дека Кориолус-МРЛ нема негативни реакции или интеракција со лекови со главните лекови користени од пациентите за време на студијата и дека може да се применува во тек на бременост.

Проф. Чернев исто така покажа и дека во комбинација со хируршка интервенција, Кориолус-МРЛ може да игра улога кај пациентите кои имале интервенција за да се отстранат посериозните лезии (HSIL), но кои имаат повторливи лезии предизвикани од перзистентната ХПВ инфекција.

И во двете студии на Проф. Чернев, ХПВ 16 беше најрезистентен на трeтманот.

Зошто Кориолус-МРЛ?

Матичниот прашок на Кориолус-МРЛ содржи и мицелиум и примордиа од фунгусот Coriolus versicolor култивиран во биомаса на стерилен супстрат. Процесот на одгледување, спроведуван во Калифорнија, САД, е со исти ригорозни контроли како што се користат за производство на конвенционални фармацевтски производи.

За разлика од екстракт од печурка, што може да има специфичен бета-глукан, биомасата на Кориолус-МРЛ обезбедува, покрај бета-глуканите, ензими и секундарни метаболити што го одржуваат нејзиното дејство и по изложување на стомачните киселини.

Кориолус-МРЛ го продава Mycology Research Laboratories Ltd, со седиште во Обединетото Кралство. Од 1997, оваа фирма се фокусираше на развој и продажба на нутритивни производи од печурки.

Референци

1. Chernev T. Coriolus-MRL supplementation in patients infected with low-risk and high-risk HPV subtypes – Bulgarian experience, 3rd Congress of Gynecologists and obstetricians of Macedonia, 16–19 May, 2013

2. Couto J.S. and Pereira da Silva D., Use Of Coriolusversicoloras Immunonutritionin HPV Patients With Cervical Lesions (LSIL), 20th European Congress of Obstetrics and Gynecology, 2008

           3. Borisov S. 2012. Coriolus-MRL – Assessment of the effect on patients infected with low and high-risk types of HPV. Clinical Journal of Mycology, Vol.3, Ed.2:2–3

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо