Основи:
Печурката Ganoderma lucidum (Реиши) се користела со векови во традици-оналната хербална медицина во Кина и Јапонија заради нејзините имуно-модулаторни и адаптогени својства.
Реиши има дејство врз општото подобрување на здравјето, но покажа и анти-инфламаторни својства, а традиционалната примена мора да се поврзе со изолацијата, од оваа тревка од фамилијата на ганодермните киселини, на тритерпенски состојки со основна ланостанска структура што покажува анти-инфламаторни својства.
Се откри дека состојката ганодермна киселина Ц, изолирана со внимателна фракција од неполарен растворлив екстракт на Ganoderma lucidum е одговорна за повеќето анти-инфламаторни дејства, потврдено со in vitro тестови како на пр., испуштање на хистамин од маст клетки (кои испуштаат хистамин и хепарин при воспаление и алергиски реакции).
Подоцна, група истражувачи открија етил ацетат екстракт богат со ганодермни киселини што покажа и системско и топично анти-инфламаторно дејство кај стандардни модели на животни како индуцирано воспаление на уво со кротон уље.
Сегашните топични и системски анти-воспалителни лекови имаат сериозни недостатоци; на пр., кортикостероидите може да ја супресираат хипофизно-адреналната функција, опасно да ги дебалансираат течностите/електролитите и да предизвикаат несакани промени во текстурата на кожата, додека инхиби-торите на простагландинот кои произлегуваат од салицилската киселина резул-тира со сериозна иритација на стомакот.
Како последица, потенцијалната примена на суплементација со Ganoderma lucidum (Реиши) би можела да понуди сигурна и ефективна алтернатива за намалување на имунитетската реакција од хистамин.
Студии на случај: пациенти со алергија на полен
Да се оцени ефикасноста од суплементација со нефракционализирана Ganoderma lucidum кај двајца пациенти со алергија на полен. Основните параметри се намалување на симптомите.
План на студијата
Open label студија во Обединетото кралство кај пациенти. Пациентите беа интервјуирани во текот на суплементацијата со Ganoderma lucidum за да се проценат промените на забележаниот квалитет на живот, со посебен осврт на општите симптоми на алергија од полен.
Начин на дозирање
Суплементацијата започна со 3 гр. (6 таб.х500мг) дневно и оваа доза се применуваше до намалување на симптомите, кога дозата се намали на 1,5 гр, како доза на одржување (3 таб.х500мг) дневно до крајот на сезоната на поленот.
Резултати
Пациент 1
39-годишен маж. Хронична алергија на полен од детство, со мали олеснувања заради употреба на конвенционална хербална медикација. По 3-4 дена суплементација од 3гр. (6 таб.х500мг) (види табела подолу) дневно Ganoderma lucidum, имаше значи-телно намалување на заспаноста, чешањето и кивањето. По 10 дена, пациентот можеше да коси трева без значителнa неудобност. Подобрувањето продолжи во текот на сезоната на полен. Следната година, резултатите беа исто така позитивни.
Пациент 2
5-годишно дете. Доби алергија на полен на 4 години. Не може да излегува надвор на почеток на лето. Суплементацијата почна со 2 таблети х 500 мг дневно, по 1 таблета наутро и навечер (види табела подолу). По една недела, имаше 90% намалување на симптомите. Немаше црвени очи или рапаво грло. Само повремено кивање. Почна пак да игра фудбал надвор. Дозата остана со 2 таблети дневно до крајот на сезоната на полен.
Дискусија
И во двата слуаја, имаше брзо и значително намалување на симптомите при почеток со суплементацијата од Ganoderma lucidum што покажува дека Ganoderma lucidum можеби имала улога во справувањето со имунитетската реакција од хистамин.
Заклучок
Имајќи ги предвид ограничувањата со мал број пациенти, се појавува љубо-итност и потребно е дополнително испитување да се потврди потенцијалот на Ganoderma lucidum при контролирање на алергиски реакции од домаќин.
Не постојат производи/услуги во оваа категорија.
Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.
МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо