Reishi - Идентификувани активни компоненти / Главни хемиски состојки
(од http://www.shen-nong.com/eng/herbal/lingzhi.html)
Главните хемиски состојки на Ganoderma се ергостерол 0,3-0,4%, фунгален лисозим и киселести протеази. Водените екстракти содржат протеини растворливи во вода, аминокиселини, пептиди, алкалоиди, полисахариди, тритерпеноиди главно ганодерична киселина, луцидемна киселина и ганолуцидна киселина, итн.
Лековити дејства во ТКМ
Ја храни крвта, го смирува духот, ја збогатува виталната енергија и крвта, го олеснува кашлањето или потешкотиите при дишење и општа тонификација.
Фармаколошки дејства
1. Аналгетски ефект
Клиничка студија
Ефикасноста и сигурноста на Ganoderma lucidum во комбинација со хербален лек ,,Сан Миао Сан” се испитуваше кај кинески пациенти со активен ревматичен артрит. По 6 месеци третман, значајно се подобрија резултатите на болка и на целосниот резултат на пациентите во хербалната група (p<0.05), но не во плацебо групата. Заклучокот е дека Ganoderma lucidum може да има аналгетски ефект за пациентите со ревматичен артрит.
2. Хепато-заштитно дејство
In vivo студија
Ganoderma lucidum многу се користи за третман на хронична хепатопатија од разни етиологии. Хепато-заштитниот ефект на пептидите од Ganoderma lucidum (GLP) се оценуваше кај лаб. глувци со хепатална повреда индуцирана од д-галактозамин. Пред третманотна GLP кај глувците го зачува значајното зголемување на дејствата на AST и ALT на серумско и MDA-ниво кај црниот дроб (p<0.01), значително намалувајќи ја активноста на SOD и нивото на GSH во црниот дроб (p<0.01).
3. Антиоксидација
Студија на животни
Ganoderma lucidum протеогликан (GLPG) изолиран од нејзиниот мицелиум се раствори со физиолошки раствор и се даваше орално 10 недели на лаб. глувци со дневни дози од 1000-3000 mg/kg како воден раствор. Распоредот на SOD покажа дека GLPG значително ја зголеми активноста на SOD кај глувците во споредба со контролната група. Ефектот зависеше од дозата.
4. Имуностимулација
In vitro студија
In vitro студијата покажа дека Ganoderma lucidum полисахарид (GLPS) го стимулираше зреењето на моноцитните дендритски клетки (DC). THP-1 и U937 леукемиски моноцитни клеточни линии се третираа со прочистен GL-PS (100mul/ml) или GL-PS со GM-CSF/IL-4. Само GL-PS индуцираше пролиферативна реакција кај двете клеточни линии. Само THP-1 DC имаа значителна зголемена експресија на HLADR, CD40, CD80 i CD86. Се забележа слична способност на преземање на антиген како и нормалните моноцитни DC. Се сугерира дека GLPS може да индуцира диференцијација на селектирани моноцитни леукемиски клетки во DC со имуностимулативна функција.
Студија на животни
Студијата ја испитуваше алевијацијата на имунодепресија од циклофосфамид со рожната форма на Ganoderma lucidum (GL-AF). Се покажа дека GL-AF го олесни намалувањето на тежината индуцирана од циклофосфамидот, активноста на NK-клетките и инхибираше абнормално зголемување и намалување на интерлеукин-4 во текот на третманот со циклофосфамид.
5. Антитуморски својства
Студија на животни
Студијата ги евалуираше анти-туморскиот и анти-метастатскиот ефект на рожната форма на Ganoderma lucidum (GL-AF) кај глувцитретирани со циклофосфамид. Пост-третманот со циклофосфамид и GL-AF значително го инхибираше развојот на туморот ММ 46. Исто така, може и да супресира метастазата на Lewis карцином на белите дробови по администрирање на циклофосфамид.
Студија на животни
Главниот биоактивен состав на Ganoderma lucidum, Ganoderma lucidum полисахариди (GIPS) покажа дека има комплементарен ефект при терапија на рaк. Се направи модел Murine саркома 180 (S180) за да се одреди анти-туморската ефикасност на GIPS. GIPS се администрираше орално 10 дена. Се измерија туморите за да се оцени инхибиторниот ефект на GIPS. Резултатите покажаа дека, 25, 50 и 100 мг/кг администрирање на GIPS го спречија ширењето на S180 за 32,7, 44,8 и 45,2%, респективно (P<0.01).
6. Реверзија на резистенција на повеќе лекови кај туморските клетки
In vitro студија
Ganoderma lucidum полисахариди (GIPS) има обратен ефект врз резистенцијата на повеќе лекови кај леукемичната клеточна линија (К562/ADM) резистентна на Адриамицин. Обратниот фактор на GIPS со 10mg/L и 20mg/L беше 6,46 и 6,8, респективно. Резултатите потврдија и дека експресијата на сродниот протеин 1 на повеќето лекови (MDP1) и П-гликопротеин (P-gp) беа значително инхибирани на m-RNA ниво.
7. Инхибиторна активност против ХИВ-1 протеаза
In vitro студија
Студијата покажа дека ганодеричната киселина бета, луцидомол Б, ганодермондиол, ганодерманонтриол и ганолуцидна киселина А изолирани од Ganoderma lucidum значително го инхибира вирусот ХИВ кај луѓето (ХИВ-1-протеазна активност со вредности oд IC 50 на 20-90 микроМ).
Не постојат производи/услуги во оваа категорија.