Хепато-заштитни ефекти на Cordyceps sinensis во случаи на оштетен црн дроб

Хепато-заштитни ефекти на Cordyceps sinensis во случаи на оштетен црн дроб

Mycology News, Vol. 1, Edition 9, Sept 2004

 

Cordyceps sinensis најчесто се користи за поткрепа на андреналната, белодробната и имунитетска функција, но има и сѐ повеќе докази кои ги поткрепуваат неговите важни хепато-заштитни својства.
 
Во студија со 33 пациенти со хроничен хепатит B, култивираниот мицелиум на Cordyceps sinensis покажа дека ја подобрува функцијата на црниот дроб, го покачи плазма албуминот и го прилагоди протеинскиот метаболизам (Zhou et al, 1990). Во друга студија, 45 пациенти се третираа за пост-хепатална цироза со Cordyceps sinensis и екстракт на semen Persicae, со подобрување на функцијата на NK-клетките, соодносот на Т-клетките и бројките, имуноглобулинските нивоа, серумски комплементарните нивоа и функцијата на црниот дроб во споредба со контролната група (Zhu and Lin, 1992).
 
Покажано е во студија и дека има предности во третманот на хронични обструктивни хепатални болести (Chang & But 1986). Во 2003, две важни студии се спроведоа во Клиничкиот колеџ на Универзитетот на медицински науки Chongqing во Кина за влијанието од суплементација со Cordyceps sinensis за хепатална нега. Првата студија
ги разгледуваше ефектот и механизмот на дејството на Cordyceps sinensis врз дејството на хепаталната инсулиназа кај CC1 индуцирана цироза на црниот дроб кај стаорци. Заклучокот на студијата беше дека суплементацијата со Cordyceps sinensis би можела да го намали хепатоцитното оштетување и да спречи хепатална фиброгенеза.

Втората студија го разгледуваше инхибиторниот ефект на Cordyceps sinensis врз CCI и хепаталната фиброгенеза индуцирана со етанол кај стаорци. Се користеа биохемиски, радио-имунолошки, имуно-хистохемиски и молекуларни биолошки испитувања за да се одреди промената на ALT, AST, HA, LN содржина во серум и TGF-бета, PDGF, експресија на колаген I и III во ткиво или на протеинско или на ниво на mRNA или на двете.

Заклучокот од студијата беше дека суплементацијата со Cordyceps sinensis би можела да спречи хепатална фиброгенеза од хронична повреда на црниот дроб, да го ретардира развојот на цирозата и значајно да ја подобри функцијата на црниот дроб. Можен механизам вклучува инхибиција на TGF бета експресија, а со тоа надолно да ја регулира експресијата на PDGF, и така спречувајќи активација на HSC и отфрлање на проколаген I и III. Се заедно, овие студии покажуваат јасен хепато-заштитен ефект на Cordyceps sinensis и ја потврдуваат неговата потенцијална предност во случаи на оштетување на црниот дроб.

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо