Автори: Dr. Chris Newton (PhD), Cytogenex Ltd, 121 Westbourne Avenue,Kingston-upon-Hull, East Yorkshire. HU5 3HU.
Статија од: Mycology News, Vol. 1, Edition 9, Sept 2004
Во 2003, Mycology Research Laboratories Ltd. побара од Cytogenex Laboratories да одреди дали Cordyceps sinensis (форма на биомаса) има каквa било значајна токсичност при тестирање со стандарден токсичен скрин. Cytogenex Laboratories направија систем базиран на клеточна линија на црн дроб, HepG2.
Се подготвија пет концентрации на воден екстракт од Cordyceps sinensis (аликвоти од 50, 25, 12,5, 6 и 3μl; 10mg/ml - 0.6mg/ml финални концентрации) кои се додадоа во клеточната линија на HepG2. Клетките дневно се следеа во текот на 5 дена за знаци на клеточна смрт.
Од микроскопските опсервации немаше евидентна реакција во првите 48 часа. Во последователниoт период од 72 часа, беше јасно дека клетките во присуство на високи дози на екстракти на Кордицепс (25 и 50 μl) растеа побавно.
Во друг експеримент, клеточните линии HepG2 беа вметнати во плочки на култури и се додаде аликвоти (50μl) од Cordyceps sinensis. По 48 часа, се додадоа дози на H2О2 во ранг од 200-600 μM во клеточните линии на HepG2 клеточните линии во присуство на екстракт на Cordyceps sinensis. Резултатите покажаа дека екстрактот на Cordyceps sinensis делумно го блокираше падот индуциран со H2О2 кај виабилниoт клеточен број при повисоки дози на оксидантот. Затоа, според дефиницијата за цитотоксичнoст од Cytogenex, водениот екстракт на Cordyceps sinensis беше очигледно без токсичност во овој, а најверојатно и во другите клеточни системи. За целосен извештај од овој експеримент, ве молиме контактирајте со Cytogenex на info@cytogenex.com.
Покрај овие студии за одредување на безбедноста на екстракти на фунгалната биомаса, Cytogenex може да понуди услуга за сертификација каде производот може да се спореди со претходно потврден примерок како автентичен. Оваа услуга користи ДНК техника на отисоци. За другите услуги за аспектите на квалитетот и безбедноста на нутритивните препарати, посетете го: www.cytogenex.com.
Не постојат производи/услуги во оваа категорија.
Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.
МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо