КОРИОЛУС-МРЛ ИНОВАЦИЈА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА ОНКОГИНЕКОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА, ОСОБЕНО ХПВ

КОРИОЛУС-МРЛ ИНОВАЦИЈА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА ОНКОГИНЕКОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА, ОСОБЕНО ХПВ

Clinical Journal of Mycology, Nov 2013 Vol. IV; Dr. J. Bogdanova – Insitute of Botany, Bulgarian Academy of Sciences

Кориолус-МРЛ е хранлив додаток којшто содржи биомаса од печурката Coriolus versicolor со имуномодулаторни соединенија - бетаглукани и протеоглукани. Во последните години, направени се повеќе истражувања чии резултати ги потврдуваат ефектите на биомасата на печурката во превенција на развој на рак на грлото на матката кај пациенти со ХПВ, како и превенција од други вируси кои предизвикуваат канцер.

Имуностимулаторната хранливост е нов концепт што значи потенцијал за коригирање на дејствата на имунитетот преку внес на одредени хранливи состојки и зајакнување на способноста на организмот за самоодбрана и превенција.

Фунготерапијата (третман со лековити печурки) претставува важен дел од имуностимулативната хранливост. Биолошкото дејство на печурките се поврзува со подобрување на срцевата функција, зајакнување на имунитетот, олеснување на алергиски симптоми, нормализирање на шеќерот во крвта и детоксикација на организмот. Еден од најважните ефекти е превенција од вируси што предизивикуваат рак, а тоа се вирусите: Хуман Херпес вирус тип 8 (ХХВ-8), Хуман Папиломавирус (ХПВ), Епстин-Бар вирус (ЕБВ) и вирусот хепатит Б (ХБВ).

Докажана е врската помеѓу ХПВ и развојот на ракот на грлото на матката. Установено е дека 80% од сите жени се инфицирани од ХПВ 4 години по започнување на сексуалниот живот, а 90% од сите случаи на цервикален канцер се предизвикани од ХПВ. Тринаесет од 100 подтипови на ХПВ се сметаат за високо-ризични за развој на цервикалниот канцер. Студии на повеќе автори укажуваат поврзаност помеѓу ХПВ и рак на простатата.

Вакцините против ХПВ воведени во 90-те години се ефективни за 2-4 високо-ризични подтипови на ХПВ и ефективни се само кај жените кои не се инфицирани од ХПВ. Хируршкиот третман на ХПВ-лезиите не е возможен во раните фази и во многу случаи постои ризик да се повтори.

Кориолус версиколор е габа чија биомаса делува како неспецифичен имуномодулатор и претставува соодветен додаток за пациентите со канцер за зајакнување на имунитетот, особено по хемотерапија и радиотерапија. 

Имуностимулативните ефекти на Кориолус версиколор се должат на нејзините состојки, бета-глукани и протеоглукани. Бета-глуканите се полисахариди што содржат само гликозни остатоци, а протеглуканите се протеини поврзани со полисахаридните ланци. Тие имаат селективна способност да предизвикаат апоптоза (програмирана клеточна смрт) кај канцрозните клетки неоштетувајќи ги здравите клетки.

Во 70-те години, изолирани се два протеглукани, карактеристични за оваа габа – полисахарид К (ПСК) и полисахарид пептид (ПСП). Неколку студии го докажуваат дејството на овие соединенија при стимулирање на ефектот на клетките природни убијци, како и зголемувањето на бројот на Т-лимфоцитите.

Утврдено е и дејството на ензимите коишто спречуваат оксидативен стрес, спречуваат клеточна репродукција и придонесуваат за детоксикација на организмот. Имуностимулативниот ефект е зајакнат од содржината на одредени секундарни метаболити (лектини, терпеноиди, чистачи).

После 15 год. работа, научниците од Mycology research Laboratories, UK и Gourmet Mushrooms, USA, создадоа посебен вид (ЦВ-ОХ1) за индустриско култивирање на Кориолус версиколор. Мицелиумот на овој вид има многу висока биоактивност и виталност, а генетски е идентичен со иницијалните родителски форми. Култивирањето на габата и процесот на производство на таблети го обезбедува зачувувањето на бета-глуканите, протеглуканите и ензимите како главни имуностимулативни фактори. Потребната микробиолошка контрола го избегнува присуството на нечисти состојки и акумулација на пестициди, како и тешки метали во биомасата. Хранливиот додаток Кориолус-МРЛ не е екстракт; тој содржи и мицелиум и млади плодови од габата. На овој начин се обезбедува синергиски ефект на сите биолошко активни соединенија во биомасата.

Од 1971 год, откако се пронајде полисахаридот К, објавени се над 350 научни и клинички испитувања трудови. Дејството на Кориолус версиколор е покажано кај разни заболувања, особено онкогинеколошките. Поновите студии го покажаа неговиот позитивен ефект кај пациентите со ХПВ.

Dr. Jose Silva Couto, од Институтот за онкологија во Коимбра, Португалија спроведе клиничка студија за ефектот на Кориолус версиколор кај пациенти со ХПВ и цервикални лезии. Во студијата учествуваа 39 пациенти со ЦИН!, од кои 22 имаа високо-ризичен ХПВ. Се формираа две групи: контролна група, без никаков третман и група која примаше 6 таблети (3 гр.) Кориолус-МРЛ дневно, во период од една година. Сите пациенти беа тестирани преку колпоскопија, биопсија и ХПВ типизација во почетокот и на крај на студијата. Резултатите покажаа нормална цервикална цитологија кај 13 (72,5%) од 18-те жени кои примаа Кориолус-МРЛ. Процентот кај контролната група изнесуваше 47,5%. Кај 9 од 10 пациенти со високо-ризичен ХПВ и кои примаа Кориолус-МРЛ, резултатот се промени, од ХПВ (+) во ХПВ (-). Кај контролната група, само еден пациент од 12, имаше ХПВ (-) на крајот на студијата. Др. Куто изјави дека постои регресија на дисплазијата и реверзија на статусот, од ХПВ (+) во ХПВ (-) кај пациентите со високо-ризичен ХПВ со ЦИН1. Др. Куто исто така истакна дека Кориолус имал позитивен ефект и кај пациентите со ЦИН2, кои сеуште имаа високо-ризичен ХПВ (+) по извршена конизација.

Dr. Jean Monro, Breakspear Hospital, UK, користеше Кориолус-МРЛ кај 36 пациенти со синдром на хроничен замор и со намален имунитет, манифестиран пеку неправилна диференцијација на Т-клетките, ниско ниво на НК-клетки, активни вируси и високи титри на антитела, со вредности на ИгГ или ИгМ како вирусите. Пациентите користеаа Кориолус-МРЛ, по 6 табелти дневно во тек на 15 дена, а потоа по 3 таблети следните 45 дена. На крајот на студијата се утврди двојно зголемување на нивото на НК-клетките и намалување на вирусната оптовареност. Врз основа на овие резултати и на претходните студии за влијанието на фолната киселина при ХПВ контрола, Др. Монро препорачува шема на употреба на Кориолус-МРЛ и фолна киселина во период од 8 недели со цел спречување развој на цервикален канцер кај ХПВ пациенти и реверзија на процесот на дисплазија. Во текот на третманот, пациентите примаат 3 гр. Кориолус-МРЛ дневно и 300мг фолна киселина дневно, во период од една недела и 10мг фолна киселина дневно во следните 7 недели. Се препорачува контрола на микробиолошките и на имунитетските маркери за да се оцени синергискиот ефект на Кориолус-МРЛ и фолната киселина.

Dr. L. J. Standish, Факултет за натуропатска медицина, Универзитет во Бастир, доби проект од Фондацијата за истражување на третман на ракот да спроведе плацебо-контролирана клиничка студија за ефектите од суплементација со Кориолус версиколор врз имунитетот, квалитетот на живот и изнемоштеноста кај жените со рак на дојката по завршување на радиотерапија.

Кориолус-МРЛ е соодветен додаток на исхрана за пациенти со намален имунитет по заболување и по хируршка интервенција, за превенција од вируси што предизивкуваат рак и како дополнителна терапија кај пациенти со рак на грлото на матката, рак на дојката и на простатата. 

 

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо