Кориолус - Нови откритија кај печурките како терапевтика против канцер: преглед
3 Biotech (2012) 2:1–15
DOI 10.1007/s13205-011-0036-2
Seema Patel • Arun Goyal
Печурката Ќуркина опашка или печурката облак, Trametes versicolor или Coriolus versicolor е проучувана за антитуморските својства кај многу видови рак. Hsieh и Wu (2001) истражуваа дека етанолските екстракти од Yunzhi, сопствен додаток на исхрана подготвен од екстракти од T. versicolor го намалува развојот на хормонски респонзивниот рак на простата, клеточен развој на LNCaP. Полисахаридот пептид во екстрактот ја зголемува можноста Yunzhi да се смета
како адјувентна терапија во третманот на хормонски респонзивен рак на простата; дополнително, таа може да има хемо-превентивен потенцијал да ја ограничи туморогенската експресија на простатата од хормонски зависна во хормонски рефракторна состојба. Chu et al. (2002) увидоа дека развојот на неколку канцерозни клеточни линии кај луѓето, рак на стомак (1907), рак на белите дробови (SPC), леукемија (MCL) и лимфома (SLY) – беа значително инхибирани од екстракт на суров C. versicolor со 1мг/мЛ по инкубација од 72 часа. Полисахаридот пептид крестин од T. versicolor има потенцијал да се користи како додаток за превенција на рак на дојките (Standish et al. 2008).
Полисахаридот на оваа печурка покажа дека спречува пролиферација на канцерозни клетки in vitro и in vivo, испитуван на клеточни линии на хепатома канцер (QGY). Овие резултати покажаа дека полисахаридот ја спречува пролиферацијата во ниски концентрации (20мг/Л), а вредноста IC50 изнесуваше 4.25мг/Л. Апоптозата и значителното намалување на експресијата на сродните гени од клеточниот циклус (p53, Bcl-2 и Fas), кај овие клетки по третманот, покажуваат дека полисахаридот може да претставува потенцијален кандидат за терапија на канцер (Cai et al. 2010).
Не постојат производи/услуги во оваа категорија.