Реиши-МРЛ

Реиши-МРЛ

1.620 ден.
Шифра на производ: 0003
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Реиши-МРЛ не е екстракт туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Ganoderma lucidum што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се суши на ниска температура, се меле и се произведува во форма таблети и прашок.

Таблети: 90 во кутија, секоја содржи по 500мг Реиши (Ганодерма луцидум).

Прашок: 250 гр. во кутија, со дозерка од 2 мг.

Особено е важно што Реиши-МРЛ содржи и плод и мицелиум бидејќи двата дела од габата содржат многу хранливи состојки што пак придонесува за поцелосен потенцијален ефект.

СостојкиGanoderma lucidum (биомаса од печурка), микрокристалинска целулоза, силициум диоксид, магнезиум стеарат (растителен), стеаринска киселина (растителна).

Активна материја: 500мг во една таблета

Реиши-МРЛ не содржи вештачки бои, вештачки конзерванси и глутен.

Погоден e и за вегетаријанци.

Реиши-МРЛ е додаток на исхрана и не е замена за разновидна исхрана.

Упатство за употреба: 3-6 таблети дневно. Најдобро е таблетите да ги пиете наутро (по 3 таблети), пред оброк. Доколку употребувате по 6 таблети дневно, тогаш се препорачува две дози по 3 таблети, наутро и навечер, пред оброк.

Во најстариот запис на ориенталната хербална медицина, Шен Нонг Бен Као Јинг, Реиши е рангирана највисоко во првата категорија на супериорни тревки. Несоменено  една од најпочитуваните печурки на модерното време, Реиши се користи повеќе од 4000 години во традиционалната кинеска медицина. Народно, ја нарекуваат печурка на бесмртноста.

Трите главни физиолошки активни состојки на Реиши се: полисахаридите, пептоглуканите и тритерпените. Полисахаридите имаат гликоза, ксилоза, маноза, галактоза, фукоза, бета-глукани, алфа-глукани, хитозан, итн. Пептогликаните кај Реиши се: протеоглукани, имуномодулаторна супстанца PGS, пептиди и F3. Кај Реиши има повеќе од 50 тритерпени, типични за оваа печурка. Меѓу нив се ганодермните киселини, луциденска киселина, ганодерали, ганодериоли. Други главни состојки на Реиши се: фосфор, магнезиум, калциум, германиум, протеини, металопротеази, D2, лектини, нуклеозиди, нуклеотиди, итн.

НЕ ја надминувајте препорачаната дневна доза.

ЧУВАЈТЕ ГИ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА.

Реиши-МРЛ не спречува, дијагностицира, третира или лечи болести.

Производителот Mycology Research Laboratories  (MRL, UK) користи сопствена производствена технологија за култивирање печурки во Калифорнија. Производот има сертификат од САД и од ЕУ за 100% органски производ.

Датум на важност: обележан на дното на амбалажата

Чувајте го на ладно и суво место

Доколку ви се потребни повеќе информации, на нашата страна прочитајте во делот КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА и контактирајте не за повеќе информации.

 

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Реиши-МРЛ Реиши-МРЛ не е екстракт туку содржи мицелиум и примордиа (вегетативниот дел од фунгусот и млади плодови) од печурката Ganoderma lucidum што се одгледува асептично во биомаса. Потоа, биомасата се суши на ниска температура, се меле и се произведува во форма таблети и прашок. Таблети: 90 во кутија, секоја содржи по 500мг Реиши (Ганодерма луцидум). Прашок: 250 гр. во кутија, со дозерка од 2 мг. .. Category: Product #: 0003 Regular price: 1.620 ден. 1.620
Available from: MIKONUTRI

За нас

Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.

Повеќе..

Контакт

  • +38923128-268 +38923109-362
  • info@myconutri.mk

Facebook

MYCONUTRI © 2024. UKION SHOPS

МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо