Обновено на 01.07.2021
1. Што се електронски известувања и известувања по социјални мрежи, Viber, WhatsApp и слични апликации
Електронски известувања или електронски билтен (newsletter) се пораки кои ги добивате во вашето емаил сандаче, по Viber, WhatsApp и слични апликации и ве информираат за сите новoсти, понуди и попусти на нашата продавница. Известувањата ги добивате доколку се зачлените на нашата листа за електронски билтен.
2. Цел на електронските известувања
Целта на електронските известувања е да добивате информации во вашето емаил сандаче, Viber, WhatsApp и слични апликации за сите најнови промоции, производи и услуги на нашата продавница, лесно да ги најдете понудите кои ги барате и да бидете информирани со сите наши новости.
3. Прифаќање или одбивање за добивање на електронски известувања
При регистрација на ваша сметка имате опција да одберете checkbox „Да” или „Не” на прашањето „Електронски билтен - Регистрација”. Доколку регистрацијата се прави во склоп на плаќањето, зачленувањето се прави во делот "Сакам да се пријавам за вести и информации (електронски билтен)". Со штиклирање на истото вие давате согласност да добивате електронски известувања од нашата продавница.
4. Како се користи вашата емаил адреса или телефонски број
Емаил адресата или телефонскиот број со која ќе се зачлените ќе стане дел од листата за електронски известувања. Единствен начин на кој ќе се користи податокот за емаил адресата и телефонскиот број е испраќање на емаил или телефонски известувања за промоции и новости.
5. Право на отчленување од листата на електронски известувања и бришење на вашите податоци
Секој корисник има право да ја даде или да ја повлече согласноста за Директен маркетинг, во било кое време.
Отчленувањето од емаил известувањата е многу едноставно.
Доколку на емаилот што го добивате постои копче или линк Одчлени се, со кликање на копчето или линкот ќе се одчлените од листата за емаил пораки. Доколку информациите ги добивате по Viber или слични апликации назначете дека не сакате да добивате пораки од соодветната продавница.
Доколку сакате вашата емаил адреса или податоци да бидат целосно избришани, ве молиме контактирајте го нашиот офицер за заштита на лични податоци со цел целосно бришење на истите (податоци за контакт можете да најдете најдолу во делот за политика за приватност).
Миконутри e ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците на исхрана од печурки од Mycology Research Laboratories (МРЛ), Обединетото Кралство, со сертификат за 100% органски производи од САД и ЕУ.
МИКОНУТРИ ДООЕЛ Скопје | ул. Луј Пастер бр.11/1, 1000 Скопје
Тел : + 389 (2) 312 8268 | e-mail : info@myconutri.mk
ЕМБС: 6808336 | ЕДБ : MK4080012530747 | ДЕЈНОСТ: Неспецијализирана трговија на големо